Алтернативно лето Охрид

ЦИРО во соработка со Општина Охрид за прв пат годинава организираше целодневен настан од музички и натпреварувачки карактер кој беше насловен како Алтернативно Лето Охрид (АЛО).
Музичкиот дел беше проследен со настапите на српскиот состав ЗВЕЗДЕ ГРАЈМА и македонските состави ПУКА БЕНД БРУКА, THE AUTHOR, BAD CONTRACT (BC), КОМУНАЛНА ХИГЕНА, како и DJ ТОМЧЕ ROOTBOY.
Од страна на Grind House (Скопје) беше организиран и успешно реализиран SK8 & BMX натпревар при што најдобрите натпреварувачи си заминаа со вредни награди.
Благодарност до фирмите кои го спонзориираат првото издание на АЛО – Венус Травел, Хотел Сити Палас, XMKD и PopCornSkate, Делфина турс, Бла Бла Телевизија, О2 Телевизија, ПАП, Астра дизајн, Бла Бла ТВ, Хотел Силекс, Работилница, Дроп Ин, Сетекс, AБВ, Староградско, Мега Продукција, Дигитал Ефект, ПЗУ Јованка Љаткова Дуклеска, Златара Горан, Инфел Ктв, Трасер.

Промо видео:

Фотографии: Миле Илоски

Сите фотографии може да ги видите во албумот од настанот на нашиот фејсбук профил АЛО фејсбук албум