Циро со активно учество на Д – дебати

Центарот за интегриран развој Охрид оваа година за прв пат зеде активно учество на Д фестивал – Дојран. Д фестивал годинава се организираше по шести пат и траеше од 15 до 17 јули, во Стар Дојран, каде покрај музика од преку 60 изведувачи на четири подиума, беа понудени и други содржини како граѓански активизам и арт активности.

Циро имаше можност да биде дел од креативната арт зона на Д фестивал, поточно на Д – дебати и накратко да го презентира своето работење, својата идеја и мисија. Ова меѓу другото беше прилика да се запознаеме и вмрежиме со други организации и поединци, како и можнот за идна соработка со истите.

Исто така беше најавен и еднодневниот настан Алтернативно Лето Охрид 2, кој е спој на екстремниот спорт, урбаната култура и алтернативната музика и се организира со помош од Цивика Мобилитас.