Повик за граѓански организации, локални (не)формални движења и активисти

По успешата организација на минатогодишниот настан Алтернативно Лето Охрид (АЛО 1), започнавме со подготовките за реализација на “АЛО 2”. Настанот се планира да се оддржи за време на последниот викенд од јули на скејт паркот во Охрид. На настанот се очекува да присуствуваат најмалку 3,000 луѓе. Целта е да се промовира урбаната култура, алтернативанта музика и екстремниот спорт (скејт и БМХ). Настанот е единствен од ваков тип во Македонија од аспект на тоа што ги поврзува алтернативната музика со екстремниот спорт. Настанот ќе биде затворен со хип-хоп сет на ДЈ Гоце (САФ).

Со цел да придонесеме кон развојот и поврзувањето на различните чинители од граѓанскиот сектор на локално ниво, како и кон зголемување на учеството на младите луѓе во активностите реализирани од граѓански организации, локални формални и неформални движења, но и во активности и цели за кои се борат активисти како индивидуалци, објавуваме повик за вклучување и ваша промоција на самиот настан, како и пред тоа.

Доколку сте:

  • Граѓанска организација која дејствува на територија на Општина Охрид
  • Локална формална или неформална група или движење
  • Активист кој има идеи за подобрување на квалитетот на живот во Општина Охрид

Ве повикуваме да се пријавите со цел подобро вмрежување на локалните актери од овој сектор, зголемување на нашата видливост, и поттикнување на младите да се вклучат во нашите активности!

Краен рок за пријавување на овој конкурс е 30 јуни 2016 година. Потребно е да ја пополните пријавата и да ја испратите на емаил: ciro@ciro.mk 

За дополнителни информации во врска со овој повик можете да не контактирате на

Алтернативно Лето Охрид е настан кој се трудиме да препрасне во традиционален, со што пред се би се збогатил културниот живот на Охрид, а со тоа би се подобрил квалитетот на живот на младите. Настанот е инициран и организиран од млади поддржувачи на урбаната култура регистрирани како Центар за интегриран развој – Охрид (ЦИРО), а во соработка со скејтери и поддржувачи на екстремниот спорт регистрирани како Grind House од Скопје.

АЛО 2 е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).