Отворен повик за волонтери и млади музички таленти

„ВОЛОНТИРАЈ ИЛИ ОФОРМИ СИ БЕНД… БИДИ ДЕЛ ОД  АЛО 2

После успешната организација на Скејт & Фест АЛО кој се одржа минатата година, со ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО известуваме дека оваа година ќе се одржи АЛО 2 кој ќе биде збогатен со Вашите креативни идеи и многу дружење.

За таа цел го објавуваме овој повик за Волонтери на кој може да се пријави секој заинтересиран на возраст од 14 – 35 години…

Исто така објавуваме и повик до сите млади од средните школи кои имаат љубов кон музиката и сакаат да се дел од музички бенд да се пријават и заедно со нашите ментори да формираат бенд, да снимат своја песна и да настапат на АЛО 2 пред многубројна публика.

За повеќе информации и за пријава може да не контактирате преку:

Заинтересираните пријавувањето треба да го извршат најдоцна до 10-ти јуни, а конечната листа на волонтери ќе биде објавена најдоцна до 15 јуни.

АЛО 2 е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).