Локален демо бенд, група на волонтери и други формации се дел од АЛО2

Во склоп на организација и подготовка на Алтернативно Лето Охрид 2016, формиран е демо бенд составен од млади таленти од Охрид кои ќе имаат можност да направат свој бенд и со помош од искусни музичари да креираат песна со која ќе биде отворен музичкиот дел од ‪#‎АлтернативноЛетоОхрид2‬
Ова е одлична можност за нив да покажат што знаат и можат и да се промовираат пред бројната публика на ‪#‎АЛО2‬ – 29 јули 2016 – Скејт Парк Охрид.

Демо бенд
Демо бенд

Покрај тоа, формирана е група од волонтери и истите се вклучени во организација и промоција на настанот.

Група на волонтери
Група на волонтери

Воспоставена е соработка и со други фестивали, граѓански организации од Охрид и Македонија и локални млади претприемачи кои ќе ја збогатат програмата на АЛО 2.

Алтернативно Лето Охрид 2
Алтернативно Лето Охрид 2