Алтернативно Лето Охрид 2 [АЛО 2] 2016

Алтернативно Лето Охрид 2
Алтернативно Лето Охрид 2

По успешната организација и реализација на минатогодишниот настан Алтернативно Лето Охрид (АЛО 1), и оваа година ЦИРО со огромно задоволство ви го претставува и ве поканува на најурбаниот настан во Охрид кој успешно ги спојува екстремиот спорт (скејт и БМХ) и алтернативната музика.

Алтернативно Лето Охрид 2 (АЛО 2) ќе се оддржи на 29-ти јули на скејт паркот во Охрид и ќе биде отворен во 17:30h со скејт и БМХ натпревар.

По завршувањето на скејт и БМХ натпреварот ќе следува одлична забава за натпреварувачите и присутните на отворено каде ќе настапат познати имиња од алтернативната сцена од Македонија и регионот. Оваа година на фестивалот АЛО 2 учество ќе земат: локален демо бенд, Bad Contract, BC GeneracijaThe Author, Комунална Хигена и Hardfaced од Охрид, Last Hope (Софија), Zvezde Grajma и DJANS (Србија), DJ Goce (SAF).

Се забавуваме цел ден, ВЛЕЗ БЕСПЛАТЕН

Пијалоците по екстра ниска цена!!!

Алтернативно Лето Охрид 2 е поддржано од програмата Цивика мобилитас

Линк од ФБ настан