Алтернативно Лето Охрид – АЛО 2 (29 јули 2016)

По успешната организација на минатогодишниот настан Алтернативно Лето Охрид (АЛО 1) и оваа година на 29 јули 2016 ЦИРО со огромно задоволство го реализира најурбаниот настан во Охрид кој успешно ги спојува екстремиот спорт (скејт и БМХ) и алтернативната музика.

По завршувањето на скејт и БМХ натпреварот следуваше одлична забава за натпреварувачите и присутните на отворено каде настапија познати имиња од алтернативната сцена од Македонија и регионот и тоа: локален демо бенд, Bad Contract, BC Generacija,The Author, Комунална Хигена и Hardfaced од Охрид, Last Hope и Piranha FTW (Бугарија), Zvezde Grajma и DJANS (Србија), DJ Goce (SAF).

Алтернативно Лето Охрид 2 е поддржано од програмата Цивика мобилитас.

Во продолжение дел од галеријата на настанот. Цела галерија може да се погледне на нашата фејсбук страна https://www.facebook.com/CiroOhrid/photos/?tab=album&album_id=623859414453647